Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 гласачи, а се гласа на 60 избирачки места.На деветти парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции со 58 листи и со 1092 кандидати.

Во Кавадарци до 13 часот гласале 41,4 отсто од гласачите а во Росоман 35 отсто, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.

Костов потсети дека навреме биле отворени сите 60 избирачки места во Кавадарци и засега изборите се одвиваат без проблеми. Симоновиќ соопшти дека и во Росоман навреме биле отворени десет избирачки места и гласањето се одвива без проблеми. Во Росоман се регистрирани 3.393 лица со право на глас.