Редовната изложба на кавадаречките ликовни уметници ни овозможи да го видиме моменталниот уметнички експресии.
Ретко ги има на едно место, и затоа и добро да се види изложбата која тоа го овозможува.Редовната годишна изложба на кавадаречките уметници ни го приреди задоволството да се запознаеме со тековниотот уметнички тренд, или подобро, што ново ствараат ликовните уметници од нашиот град.
Во Каталогот се впишани и можевме да видиме по едно или две дела на ;Ива Јосифова,Симона Манчева,Петар Наневски, Лазар ДојчиновГоран Боев,Иван Ковацалиев,Киро Јосифов,Димитар Самарџиев,Владимир Темков и Ванчо Кеков.Забележувате нема уште многу имиња на уметници кои овојпат не доставија свои слики или скулпури.Тие се тука и веруваме дека ке ги видиме наредната година и нивните креации.
На изложбата говореше актерот Александар Малинков, а со неколку збора овој настан го отвори ликовниот уметник Горан Боев.