МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Само преку царинската испостава Кавадарци-извезени околу 4 милиони килограми грозје и праски .

-Според информациите со кои располагаме како здружение, само преку Кавадарци, во странство заминале над 2.5 милиони килограми праски. Во најголем дел во Русија и Белорусија, поранешните југословенски републики Србија и Хрватска и дел во Полска, вели Љупчо Аризанов- претседател на Здружението „Агротиквешија“. Тој додава дека над милион и двеста илјади килограми трпезно грозје преку кавадаречката царинска испостава засега отишло во Србија, Русија и Албанија.

Инаку се проценува дека родот на грозје годинава ке изнесува околу 180 милиони килограми со одличен квалитет .Во пресрет на бербата на винското грозје кое заради временските услови ќе стартува нешто порано, веќе се одржале неколку состаноци со винарите со медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Засега нема конкретни договори и преговорите продолжуваат-додава Аризанов.

Кај лозарите веке постои страв дека нема да се откупи целокупниот род од лозовите плантажи. Стравот доаѓа, велат лозарите, поради слабиот интерес на винарите за склучување на договори за откуп