Во повеке кавадаречки села во Тиквешијата прославена Православна нова година и Василица
Kako налага традицијата во повеќе кавадаречки села, Василица – Православна нова година, беше одбележана со песна, игра,колбаси и со неизбежните џаламари.
Локалната самоуправа последниве годинини е составен дел на прославата во местата каде Василица е голем празник.Празникот кој народот го практикува од подамна ова година беше одлежан во многу кавадаречки села а најатрактивно беше во Бегниште, Ресава, Дреново и,Сопот а џаламарите бркаа лоѓи духови во Марена а интересно било и во Г.Бошава.
Претседателот на Советот на Општина Кавадарци Ристо Сакалиев кој со неколку советници беше во кавадаречкото село Бегниште им се придружи на џаламарите , на прославата на Василица .Овде со обредни игри тие ги бркаат злото и лошите духови, правејќи пат на здравјето, среќата и бериќетот.На прашањето дали бркањето на злото значи дека и на политичката сцена ќе се смират духовите, тој одговори дека очекува само добри работи да му се случуваат на градот, а на политички план работите одат нанапред и сите политичари работат во интерес на Општината.
Традицијата на маскирање на луѓето во џаломари е со цел да се избркаат лошите духови.Маскирани со кожувчињата, клопотарците, стаповите и со саѓи исцрнетите лица џоломарите чекаа цела година на нивниот ден.Тие се неизбежен дел од ова , за многумина,долга обичајна традиција со паганско значење - длабоко вкоренета во секојдневниот живот секој месец јануари во годината. Кожувчињата и клопотарците се пренесуваат во наследство од татко на син, од дедо на внук. Ги облекуваат стари и млади и сите заедно ја прераскажуваат прекрасната приказна која се верува дека носи здравје, бериќет и среќа.
На обичаите на Василица во кавадаречките села Сопот, Бегниште и Ресава беше и претседателот на ОК Кавадарци Зоран Јованчев со соработниците. Во изјава за медиумите посака здравје бериќет, мир и благосостојба на сите граѓани на Кавадарци. На прославата на Василица во Сопот и Ресава пак присуствуваше и претседателот на СДСМ-Кавадарци –Горан Тодоров со најблиските соработници.