Комињето ги оштетува контејнерите од 1 м 3
„Koмуналец“ апелира до сите граѓани на оОштина Кавадарци особено оние кои печат ракија во домашни услови да не го фрлаат комињето во типските контејнери од 1 м3.Се замолуваат граѓаните комињето и шутот да го носат директно на депонијата, а не да го исфрлаат во контејнерите од 1.1m3 бидејќи ѓубрарките кои го собираат сметот според постојниот распоред и не можат да ги подигнат истите кои истовмено се оштетуваат и мораат да се празнат рачно. Оттаму како и секоја година така и годинава на ова прашање треба да му се пријде сериозно а граѓаните треба да соработуваат со јавното претпријатие за комунални услуги, и на тој начин да дадат свој придонес за чиста околина.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      