МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лозарите си ги бараат заостанатите пари за предаденото грозје во “Стефани вајнерс„ од 2010 година наваму.

Денеска пред винаријата “Стефани” во Кавадарци, лозарите си ги бараа заостанатите пари за предаденото грозје од 2010 година наваму. Тие побараа промена на законот за вино, бидејќи состојбите во лозаровинарскиот сектор се катастрофални. Велат дека не знаат од кого да ги бараат парите кои им ги должат поради промената на сопственичката структура во винаријата. Инспекторатот во Скопје кренал раце и бараат итно Министерот за земјоделие Љупчо Николовски да дојде и да разговара со нив. Иницијаторот на протестот Трајче Кулев рече дека доколку останат глуви на на нивните барања, ќе ги блокираат патиштата и ќе превземат порадикални мерки.

Според лозарите само оваа винарија должела и до милион евра неисплатени финансии кон нив. Лозарите велат ,револтирани од ова состојба велат дека ако се продолжи вака , идниот род наместо во винариите, ќе заврши пред Општината и на улиците.

Ветувањата на новата централна власт дека лозарите ќе бидат исплатени најдоцна до Нова година пропаднаа во вода, вели лозарот Дане Јошев кој потсети на протестите пред винаријата Повардарие во Неготино пред извесен период.

Лозарите ги повикаа и останатите производители на грозје од Тиквешијата кои имаат неисплатен род од било која винарија да и се придружат на протестот, за кој рекоа ќе трае се додека не си го наплатат долгот.