Општина Кавадарци и ЈП Комуналец денеска промовираа нова мобилна станица за производство на асфалт.Во било кој период од годината ке се произведува асфалтен материјал за санирање на ударни дупки и други оштетувања на патиштата.Сега и старата асфалтна подлога ке може да се рецилира и со додавање на потребните материјали поворно да се става во функција. Машината е во вредност од околу 1 милион денари .Покрај ова градоначалникот Митко Јанчев и генералниот дирекор на ЈП „Комуналец „ Ѓорѓи Поп Ицов денеска промовирааа две нови возила за подобрување фукционирањето на претпријатието и подобрување на хигиената во градoт.
Инаку денеска ЈП Комуналец промовира две нови возила .Се работи за камиони (Ивеко и ФОРД) за нова цистерна за перењена улиците- автоматизирана со бренер , и камион кипер за носење на разен материјал и други градежни зафати на ЈП Комуналец.Истите се вклопуваат во планот на кавадаречкото јавно претпријатие за 2018 година.
-За еден месец машината ке биде ставана во функција - мобилната база за правење на асфакт.Таа е прва во Македнија,-како јавно претпријатие и ни ке овозможи 12 месеци правење асфакт.Стариот асфалат ке може да се рециклира и да се прави и нов асфаклт.Ке се работи далеку попородуктивно-вели градоначалникот Митко Јанчев кој денеска беше во Комуналец.
-Се работи за мобилна машина за подготока на асфалт и истата ке биде во фукција за 30 дена, а дефектите и санирањата ке се решаваат веднаш.Искорстувањета ќе бидат брзи и подобри.Со набавката на другите две возила ке се заврши инвестицијата од 30 милиони денари за 2018 година .За ова година ке се докомпетира возниот парк, на ЈП Комунлаец во вредност од околу 20 милиони денари.Сето тоа се прави со домаќински однос.Со што услугата кон граѓаните ке се подобри.Мислам дека ке се одговори со обука и доусовршување за ракување си новата машина-рече денеска Ѓорѓи Поп Ицов- директорот ан ЈП Комуналец.
Драгослав Симововиќ - рководител на урбанизам и сообраќај во ЛС вели -„Имавме проблем со ударните дупки, проблем кој се јавува особено во зимскиот период, поради тоа што не работат асфалтни бази. Затоа како општина и претпријатие одлучивме да го решиме тој проблем„“
- Драган Рамов - одговорен инспектор за сообраќај кај нас вели „-Проблем е што вообичаено тендерот завршува за околу три месеци. Останатиот период ударните дупки се крпат или со коцки или со тампон, што се покажа како непрактично. Имаше доста оштетувања на возила за кои беше барано отштета. Во просек, по две до три тужби годишно. Со ова ќе се надмине тој проблем. Ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. За две до три години, ќе се покаже исплатливоста на машината, рече Рамов.
Тие говораа за практичната примена на новата мобилна мапина за производство на аафалт, и нејзината брза фунционалност и практичлност за интервевнција 12 месеци за санирање на локалните патишта (прокопи и ударни дупки).Освен што нема да има застој во сообраќајот на улиците и заштедува време и пари и за инвеститорите и ке има и поефинување на вкупната услуга.
Машината е на плин, па освен финансиските, ќе има и еколошки придобивки.