МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нoвата локална власт вложува пари во развој и на селските месни заедници

Општина Кавадарци деновиве привршува со реализацијата на дел од програмата за комунална изградба во село Сопот.

Согласно планот за комунална изградба 2017 година, оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица работеше на три позиции.

Станува збор за поставување на бекатон коцки на една улица, тротоар, како и на патека околу огништето со трибини, каде сопотчани за време на Василица го палат Василичарскиот оган.

Вкупната поплочена површина на трите позиции изнесува 250м2, а инвестицијата е во износ од 405.000 денари. Средства кои општината Кавадарци ги намени за оваа цел, а се обезбедени од буџетот ставка комунална изградба.

После завршувањето на работите во село Сопот, оперативата на фирмата „Жикол“ се сели во селата Крњево и Горна Бошава каде ќе се работи на поплочување со павер елементи.

За ова денеска не информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.