МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

DRӒXLMAIER на градските библиотеки од Кавадарци,Неготино, Прилеп и Велес им подари книги од македонски и странски автори наменети за различни возрасни генерации. Целта на дарувањето е збогатување на книжевниот фонд на овие културни установи, но и поголемо доближување на пишаниот збор кон читателите.

„Со оглед на новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната пандемија која го наметна користењето на дигиталните платформи, сметаме дека оваа донација претставува позитивен пример за моќта на книгата како важен двигател при емоционалниот и интелектуалниот развој на читателите“, вели Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија. „Особено е важно, помладите генерации да се воспитуваат така што ќе се поврзат со книгата и ќе ја развијат љубовта кон читањето. Така ќе се зголеми нивната емпатија, креативност, иновативност, желбата за учење нови работи, а со тоа ќе се потпомогне и нивниот понатамошен развој“, додава Мирингер.

Директорката на градската библиотека во Кавадарци, Весна Гркова, смета дека оваа донација треба да претставува поттик и за останатите чинители во општеството да се однесуваат општествено одговорно и да го поддржат развојот на културните установи.

-„Оваа донација е убава можност да се надополни книжевниот фонд на библиотеката, така што ќе можеме да ги задоволиме потребите на читателите во Прилеп и околината“, вели Моника Талеска, директорка на библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, додека пак Катерина Данаилова, директорка на неготинската библиотека смета дека читањето книги е емоционална храна и дека љубовта кон книгата треба да се развива уште од мали нозе.

„Среќни сме што покрај останатите активности за поддршка на регионот, DRӒXLMAIER ги поддржува и културните установи како што се библиотеките. Со збогатувањето на книжевниот фонд на нашата библиотека се надеваме дека ќе се развие уште поголема колективна свест за придобивките од читањето“, вели Павлина Најдова, директорка на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

DRӒXLMAIER преку голем број активности и проекти продолжува доследно да ја следи својата долгорочна стратегија за поддршка на регионот и заедницата кадешто делува.