МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прочистувачите на воздух ги доби Детската установа „ Рада Поцева“ за сите објекти како донација од фирмата „Екотип“ во соработка со Локалната самоуправа Кавадарци

Овие прочистувачи ќе функционираат во сите детски занимални во 5-те објекит на градинката. Станува збор за донација од фирмата Екотип од Скопје во соработка со Локалната самоуправа. Ова е само еден од начините кои локалната самоуправа ги превзема како мерки за намалување на загадувањето и за „Почисто Кавадарци“. Градоначалникот Митко Јанчев рече дека му е драго што оваа донација ќе се реализаира токму за најмладите, бидејќи градинката претставува нивниот втор дом и половина од времето во денот го поминуваат токму во нивните градинки

Донаторите велат дека се почесто во Македонија се бараат вакви прочистувачи за воздух и дека радува фактот што расте свеста за неопходноста за чист воздух. Во изјавата за медумите Елеонора Занев –претставник од „Екотип“ дека овие апарати го прoчистуваат воздухот до 0,1 микрон .Ина Милошевска –од „Екотип“ пак го нагласи значењето на 33 прочистувачи за градинките во Кавадарци .

„Секоја донација наменета за децата е заначајна,а кога станува збор за нивното здравје е од особено значење истакна диркеторката на „Рада Поцева„Цанка Добринова

Со ова ќе се оствари значително подобрување на квалитетот на воздухот што го дишат децата за време на нивниот престој во градинката и ќе се намали ризикот од заболувањата на белите дробови и дишните патишта од загадениот воздух.