МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ова заседание , со кое претседаваше претседателот Ристо Сакалиев,беа поместени над 50 материјали од различна природа, а со оглед на подготвеноста и услогласувањето на сите 19 членови на Советот, седницата заврши во рекорден рок. По одредени материјали на барање на советникот Лазар Туриманџов и други советници, градоначалникот Митко Јанчев даде поголеми објаснувања за оправданоста околу носењето на одлуки за одредена проблематика.

Така меѓу другите на прашање на Туриманџов, градоначалникот Митко Јанчев објасни дека со проект кој е прифатен од Вардарски плански регион преку кофинасирање на проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт„ по што во општините Кавадарци, Неготино, Демир Капија, и Росоман на земејоделците ке им се овозможува оn line да ги видат моменталите парамерти за температура, влага, ветер и други климатки услови, важни за земјоделското производство.Финасирањето за овие смарт мерни станици, на проект на Општина Кавадарци, чини 9 милиони денари од кои 1 милион го обезбедуваат сите општини а остатокот е од ВПР.

Исто така прашање на Туриманџов, Јанчев говореше за реконструкцијата на уште 20 фасади на згради во Кавадарци во 2021. На 20 објекти лани е завршена работата.Во цел град буквално ке биде целосно завршено обновувањето на фасадите кои на места беа вистиснско ругло.

На ова седница се расправање и позитивно советниците се признесоа за Информацијата з а утврдувањети на правниот статус на бесправни објекти на теритоаријата на Кавадарци,повеќе согасности со правни лица и граѓани за запирање на постапка пред Основен суд Кавадарци, врз база на меѓусебна согласност ,потоа за повеке програми и извештаи на инситуции и јавни претпријатија за разни делови од работењето, а исто така на дневен ред беа и повеќе урбанистички решанија од кои внимание заслужува проектот за повеќето детски паркови во градот и селата кои општината ќе ги гради ова година со цел на младите и децата и не само на нив им овозможи услови за рекреација и забава .

м.д.