Денеска според извештајот на Минстерството за жувотна средина и просторно планирање, се потврди нивото на прекумерното присуство на ПМ-10 честички изминатите два дена.
Податоците покажуваат дека во петокот, саботата и неделата во нашиот град е надминат минималното дозволено ниво на присуство на суспендирани честички со до 10 микрометри на метар кубен.
На 26 јануари се измерени 146 микрограми на м3 , на 27- ми 102 микрограми на м 3 а на 28 јануари-123 микрограми .Податоците се искажани во мерните станици поставени во Кавадарци.
Ваквите параметри активираат посебни мерки како: јавен превоз, а се препорачува возилата без поголема потреба да не се употребуваат. Исто така се препорачува за затоплување да не се користи отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков друг синтетички материјал.
Министерството за здравство и институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовиот систем, болните од белодробна астма, и за лица со професионален ангажман на отворено.