Инфо сесија на тема “Законските прописи од областа на животната средина во функција на равој, унапредување и конкурентност на компаниите”, се одржува денеска во Кавадарци.
Настанот е во рамките на проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива”. Имплементатори се ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Стопанска комора а Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија.
Со претставници на компании, локални самоуправи и екологисти, се разговара околу проблемите во имплементирањето на законите во оваа сфера.
-Клучно е да ги слушнеме размислувањата на компаниите околу тоа дали и какви проблеми имаат. Јачината е во тоа што во сево ова учествуваат четири комори. Сите предлози кои ќе бидат донесени за надминување на проблемите, потоа ќе бидат доставени до надлежните со цел да се затворат сите отворени прашања, рече меѓу другото во своето обраќање пред присутните Јадранка Аризанковска од Стопанска комора на Македонија.