МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци во акција со ЈП „Комуналец“ започна со хортикултурно уредување на жардинериите во стогиот центар на Кавадарци.

„Вработените од комунална хигиена и зеленило денеска работеа на расчистување на жардинерата пред поранешната „стоковна куќа“. Во оваа акција со која ќе бидат опфатени зелените површини пред седумкатницата, кругот околу јаворот и сите жардинери од БИД зоната по улицата „Илинденска“ ќе биде извршено темелно расчистување и обработка на земјата.Потоа ќе следи нивно хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење на нискостеблести растенија.Општината со овој зафат ќе го подобри градското зеленило, ќе ги разубави жардинериите, со цел подигање на стандардите на живеење на граѓаните„-се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

_DSC0051.JPG