Реагирање на „Еко Живот -Еко Центар„-Кавадарци и одговор од Кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев како повод- вчерашното кастрење на дрвја во Градскиот парк
На својот ФБ профил Еколошкото друштво „Еко живот Еко центар„ напиша:
„ ВАЖНО ЗА КАВАДАРЦИ!Најлесен начин урбаните криминалци да дојдат до градежно место е ако се исечат некои дрва,ако се уништи нјекое паркче и ако се пренамени локацијата во ГУПот од парк во урбана парцела!!!!Во Кавадарци имаме прекршок на законот за Животна средина кој е јасен:Од вкупната градска површина 20-25%минимум зеленило,а во новиот ГУП кој се спрема има 10% и се предвидува Г1 индустрија (цинкара и ...слично). Значи новиот проектант на ГУП во Кавадарци сака да немаме кислород воопшто за дишење и сака да ни ги исече и тие малкуте дрвца што останаа.Значи градоначалникот и советниците на советот на град Кавадарци ако имаат свое мислење и се грижат за градот треба да донесат мораториум за сечење дрва од градското зеленило!!!!ЕДНО СПОДЕЛУВАЊЕ АКО СТЕ ЗА ПОЗДРАВО КАВАДАРЦИ! “
По ова со свое соопштение до јавноста се обратија од кабинетот на Кавадречкиот градоначалник.Во соопштението се наведува :
„ Денеска Еколошото друштво„Еко живот“ на својот фејсбук профил објави фотографија и во објаснувањето за истата има напишано многу невистини и неаргументирани обвинувања.
Нивните информации се невистинити, новиот ГУП се проектира исклучиво по основ на сите закони и регулативи на Република Македонија.
Градоначалникот Митко Јанчев во изминатите 3 месеци, напорно работи и покажа и дека во иднина екологијата и хигиената на Општина Кавадарци ќе бидат приоритетни во неговата работа.Со ваквите невистинити информации Еко живот само се обидува да добие популизам.
Инаки, се наведува во соопштението на Кабинетот на кавадречкиот гардоначалник–“ исечените дрва се постари од 60 години и се исечени поради безбедносни причини.Во скоро време ќе бидат засадени нови“, се вели во демант-соопштението од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.