Спогодбено раскинување на договорите за реконструкција и одржување на Јавното осветлување и јавно приватно партнерстви за паркирање (т.н.Зонско паркирање).
Донесени две крупни одлуки со кои се даде согласност за спогодбено раскинување на Договор за јавно приватно партнерство (концесија) за реконструкција,модернизација и одржување на јавното осветлување во Општина Кавадарции и согласност за отпочнување постапка за престанок на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на паркирање во Општина Кавадарци кое се остварува како концесија за јавна услуга.
Со тоа се даде виза за отпочнување процес на раскинување на два важни обврзувачки документи на Општина Кавадарци а од интеерс за граѓаните.За осветлувањето и неговото одржување концесијата требало да трае 15 години,и има искажан интерес кај двете страни за раскинување на обврските што и оди во прилог на општината:Пред се поради потребата од брзо модернизирањ и следење на трендовите во ова област со замена на постојните со нови поефикасни светилки како и зголемување на нивниот број.
Во дискусијата по ова проблематика координаторот на Советничката група на СДСМ, Лазар Туриманџов напомна дека и кога се донесуваше одлуката за вакво јавно приватно патнерство биле против таков договор,има обверски кои не и оделе во прилог на Општината, и можно е да има направено злоупотреби на средства од околу 2 милиони денари, за што ке побараат ревозор да ги испита досегашните финансиски трансакции.Инаку СДСМ Кавадарци ке даде согласност за реаскинување на овој договор.И Зоран Јованчев- координатор на Советничката група на БМРО-ДПМНЕ најави дека ке дадат согласност за раскинување на договорот, а во дискусијата се вклучија Божанка Минова и Јосиф Стојанов-кој јавно праша кој се причините за да се раскине овој договор,Ристо Сакалиев и Ташо Радњански,и градоначалникот Митко Јанчев кој објасни дека ке започне процес на спогодбено раскинување .Има реакција од граѓаните за недоволно слабо осветлување и ова локална власт ке настојува слабости да ги исправиме да бидат поставени двојно повеке светилки кои ке бидат од современ тип со штедлив карактер.Одржувањето засега ке ги преземе на себе Локалната самоуправа која ке изнајде јачин тоа да го одржи во кондиција и да биде функционално.Сите советници гласаа едногласно за Спогодбеното раскинување на договорот за улулна расвета.
Едногласни беа и за раскинувањето, поточно започнувањето постапка на согласност за отпочнување постапка за престанок на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на паркирање во Општина Кавадарци кое се остварува како концесија за јавна услуга.
Во дикусија се вклучија советниците ; Петар Николов кој потсети дека СДСМ и порано бил против овој договор и давањето под јавно приватно партнерство на паркирањето во Кавадарци , туку подржувал ЈП за кое како основач би била ЛС Кавадарци, потоа ,Јосиф Стојанов, и градоначалникот Митко Јанчев.Градоначалникот кажа дека со концесионерот избран од претходната власт ке има проблеми при договарањето за раскинување на договорот , и затоа е можно еден дел од обврските од стариот договор да се решаваат по судски пат.Што се однесува за самото решавање на паркирањето, имало и законски пречки за активирање на одредени улици во градот за места за паркирање на автомобили заради третманот на улиците,во однина ке биде формирано Јавно претпријатие од страна на Општината за стопанисување со паркирањето во градот а Општината ке се заложи во иднина да го зголеми бројот на паркиралишта со уште три :едно кај стариот т.н „Ан„ на ЈП Комуналец и во новиот Деловен центар кој ке биде изграден на местото на сегашниот Градски пазар.
Во продолжение се даде виза и за други материјали како на кои РТК.МК ке посвети поголемо внимание наредниот период.