МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку оперативата на Јавното комунално претпријати врши реконструкција на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „Тиквешко Востание“ од раскрсницата кај Домот на културата во правец на „првиот триаголник“.

Вкупната должина на предвидената делница за реконструкција е L=317 метри. Но според проектот се менува со два профили и тоа еден дел со должина од L=104 м` ќе биде изведен со цевки со дијаметар Ф-500мм, а вториоти дел L=213 м` со цевки со дијаметар Ф-400 мм.

Предвидено е приклучување на постоечките сливници на новата атмосверска канализациона линија.

Со овој проект општината ќе обезбеди поефикасно одводнување на центарот на градот од атмосферските води.

Додека трае реконструкцијата се одвива изменет режим на сообраќајот.

52783869_2361035477453833_3905671584844611584_n.jpg