Пред 70 години-најпрометната улица во градот била тесно калдрмисамо уличе
Три години по војната Кавадарци битно не го сменил својот урбан лик.Погледнете ја улицата „Илинденска„: Тесна улица со калдрма- карактеристични куќи-типични за македонските мали градчиња.Од поголемите објекти се гледаат хотелот “Југославија“ на Петре Американецот од десната страна, а од левата куќите на Анѓелката Анѓушев, Трајче и Душан Гркови итн.