ВИСОКИ АВГУСТОВСКИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ-СЕЗОНАТА НА ШУМСКИ ПОЖАРИ ТРАЕ
Пожар зафати трева и нискостеблеста шума кај селото Дебриште, Росоманско. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски информира дека гори површина од околу пет хектари.
-Кавадаречките пожарникари се на терен, во гаснењето се вклучени и жители од селото. Се прават напори да се локализира пожарот и да не се дозволи тој да навлезе во селото, вели Богевски.