Менаџментот на Дрекслмајер му посака добредојде на германскиот амбасадор во Македонија г. Томас Герберих и го придружуваше за време на обиколката нафабриката.
Посетата му овозможи на г. Герберих директно да стекне впечаток за различните производствени процеси во компанијата. На средбата меѓу другото амбасадорот разговараше со генералниот директор Лукас Мирингер околу производствените процеси,технологиите како и имплементираните стандарди. Исто така беа разменети мислења околу различни теми од областа на економијата, образованието и состојбата со пазарот на трудот.
Особен впечаток на г. Герберих му остави посетата на работилницата за практична настававо фабриката, кадешто четириесетина средношколци од средното стручно училиште во Кавадарци посетуваат практична настава од областа на мехатроника. „Драго ми е што концептот на дуално образование полека го наоѓа својот пат во земјата и тоа што Дрекслмајер е една од водечките компании во спроведувањето на овој модел.Инвестирањето во младите и образованието е инвестирање во иднината", рече г. Герберих.При разгледувањето на производствените хали, амбасадорот стекна увид во целокупниот синџир на производство: од првична подготовка на кабелските жици па сѐ до изработка накомплетниот производ - кабелски сет. При запознавањето со процесите, г. Герберих исклучително позитивен впечаток стекна од работните услови и добрата организираност во фабриката.
При посетата амбасадорот беше запознат со бројните проекти кои Дрекслмајер во рамки на својата општествена одговорност ги реализира во регионот, а особено ја пофали поддршката во образованието, спортот и социјалните активности.„Ни беше огромна чест и задоволство да му посакаме добредојде на германскиот амбасадорг. Томас Герберих во Дрекселмаер и да ги споделиме со него најважните одредници на нашата компанија: професионализам и квалитет, високи меѓународни стандарди и секако вработените секогаш во фокусот", истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекселмаер Македонија.