„По налог на градежниот инспектор на Општина Кавадарци денес се врши рушење на дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара. По 15 години соочување со проблем , сега ова место ќе им биде достапно на пешаците со оспособување на тротоарот. Градоначалникот Митко Јанчев се залага за решавање на проблеми со кои жителите на Општина Кавадарци се соочуваат долги години. Во изминатиот период беа решени неколку проблеми кои сега се во функција на граѓаните.„.Ова информација денеска е објавена на официјалната ФБ страница на градоначалникот Митко Јанчев.
Инаку кога сме кај дивоградбите да напоменеме дека по течението на реката „Луда Мара„ има неколку објекти кои очигледно не се легална градба,Градежнитре инспектори треба да дејствуваат и на таквите места , особено на просторот на реката меѓу Кавадарци и село Ваташа., каде во моментит се изведуваат градежни работи на уредување на речното корито.
м.д.