На реномираниот Црногорски детски фестивал настапи Дијана Мишoва
Годинава на фестивалот „Златна пахуља“ во Рожаје Црна Гора настапи учесник од интеранционалниот фестивал „Гроздоберче“ од Кавадарци.Тоа е Дијана Мишoва.Таа воедно беше претставник на Општина Кавадарци и Република Македонија на овој етаблиран фестивал.
„Златна Пахуља“ е фестивал со 25 годишна традиција а со кавадаречките „гроздоберчиња“ се заедно 8 години.Годинава покрај од Македонија имаше учесници од Румунија,Бугарија,Литванија,Украина,Србија,Хрватска,Косово ,Албанија и Република Српска.
-„Настапот на Гроздоберчето Дијана беше на достојно ниво поради што „Гроздоберче“ доби покана за гостување со свој учесник на фестивали во сите споменати држави.Приемот од страна на домаќините и директорот на „Пахуља“ Бекир Кујевиќ беше извонреден, од срце пријателски и професионален“- вели Зоран Станоев-Дејзи.