МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре вторник, на 26 март 2019, од 20 часот, на сцената на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе гостува театарската претстава/театарски перформанс “Јас сум актер - човек“

Претставата е во во режија на Теа Беговска, која е и автор на текстот.“Јас сум актер - човек“ е интерактивен театарски перформанс. Несекојдневно доживување во кое публиката станува дел од приказните на актерите. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер - човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома.Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене.Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе.“ Актери: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан ПетровАвтор на музика: Енес БеговскиДизајн на плакат: Стефани ХристовПретставата е во чест на Светскиот ден на Театарот - 27 март.

Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат во продажба на денот на претставата на билетарата на Домот на културата од 18 до 20 часот.