Во Кавадарци започнa Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2016“koja е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.
Дваесет години колонијата спаѓа меѓу најуспешните во Македонија и на овој дел на Европа и на неа досега се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет.На годинашнава на отварањето беа присутни 60-сетина а деновиве треба да им се придружат уште десетина ликовни уметници.Ги има од Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора,Словенија,Романија ,Бугарија, Албанија, Данска и други земји. Тие ќе творат во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“, каде ке се oдржува годинашнава колонијата.
На отварањето, со учествтото на истата , со самостојна изложба се претстави ликовниот уметник Силвана Силва, македонски уметник кој живее и работи во Данска.Покрај ликовен уметник таа е и поет, па така во симбиоза како уметничка душа, во Кавадарци таа претстави дел нејзината уметничка експресија која плени со едноставноста.
Во убавиот амбиент на Уни Палас-2 никогаш немало толку народ на едно место.Убаво беше да се биде меѓу уметниците од Европа и за миг да се доживее моментот на слободната спонтана уметност.
-Локалната самоуправа секогаш ке ја подржува ова манифестација, која е една од најзначајните кај нас во Македонија.Ја вклопивме во „Топлиот културен бран„ со цел да ја зацврсти својата улога која веќе ја има на овие балкански простори. Ова што вечерва го гледаме и што ке се случува во Кавадарци деновиве е доволен предизвик. Кавадарци впрочем со другите и настани од културата, дефинитивно потврдува дека не е случајно град на културата.Дирекорот Темов со својот тим ја оправда довербата на градоначалникот, Советот и Локалната самоуправа за организирање на Колонијата и останатите настани од „Топлиот културен бран“,рече Kире Делов, секретар на Општина Кавадарци.
„Ова колонија има хуманитарна димензија.Станува збор за тоа дека по завршувањето на истатата сите дела ке бидат понудени на аукција.Средствата собрани од продажбата на сликите ке бидат донирани за настраданите во големата катарофална поплава во скопско и тетовско.Ја користам приликата да ги поканам граѓаните и претставниците на бизнис секторот да се вклучат во аукцијата и на тој начин да помогнат на поплавените, рече Делов.
Директорот на Домот на Културата Владимир Темков-кој е главен „виновник“ за прераснувањето на Колонијата „Кавадарци Михајлово“ во голем културен настан, нагласи дека ,чуството на едно место да се соберат толку значајни имиња од светот на ликовната уметност е доволна сатисфакција за целиот напор кој лично го чини заедно со вработените во Домот на Културата.Со право со ова Кавадарци потврдува дека е центар на ликовните случувања кај нас.Темков најави дека во рамките на “Кавадарци – Михајлово 2016“ во четвток на 27 август започнува џез фестивал со познати балкански џез музичари.А џезистите на отварањето со свој настап ја направија уметничката вечер уште поубава.