Трибина посветена на еднаквите можности на мажите и жените
Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци-Комисијата за еднакви можности на мажите и жените денеска организираа Трибина посветена на „Улогата на жената во општеството-позитивни примери во нашата општина“.Настанот се организира по повод 8 март меѓународниот Ден на жената.Предавачи беа д-р Виолета Димитрова-советник и претседател на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените,М-р Благица Кицева-инспектор по економски криминал во МВР на РМ НККР Кавадарци и Весна Петреска-пилот во Хеликоптерска единица за полициски намени.
Димитрова говореше за тоа како станала доктор на медицина со сите предизвици на времето во кое се школувала и вработувањето,колку професијата и значи и ја исполнува, како треба професионално да се однесуват оние кои во ова професија влегуваат со желба да исполнат своја животна желба.Инспекторката Кицева , која 20–тина години е во полиција говореше за рамноправноста на мажите и жените во МВР, начинот на кој треба секој од нас да се справува со исполнување на амбициите посебно во професијата која таа ја работи во полицијата.За разлика од порано, сега вели Кицева, родовата рамноправност е зголемана и помали се разликите, иако ги има.Пилотот Петреска исто така, како носител на ретко занимање за жена, проговори за тоа дека младите луге треба да бидат упорни и да настојуваат да ги исполуваат своите желби кои реално можат да ги остварат.Професијата пилот била нејзина желба која таа ја оставри, и на која ке биде посветена цел живот.
Инаку слушатели на денешната трибина во Големата сала на Собранието на Општината беа ученици од погорните класови на средните училишта од Кавадарци.