ВО РАМКИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО40 ПАНОА СО НАД 60 ФОТОГРАФИИ И ДВАЕСЕТИНА ЕКСПОНАТИ СЕ ДЕЛ ОД ОВАА ИЗЛОЖБА
Од 1 до 7 октомври 2020 година во нашата земја се одржува манифестацијата Европски денови на културното наследство. Денес во просториите на локалната музеј галерија Кавадарци која и оваа година се вклучи во одбележувањето на оваа меѓународната манифестација беше отворена изложба на фотографии и музејски експонати насловена како „Културното наследство во кавадаречко“. На изложбата присуствуваше и Ацо Костов, директор на управата за заштита на културното наследство.
м.в.