7 март 1927 година во Кавадарци започнала да работи првата аптека.

Прв аптекар бил фармацевтот Бошко Марковиќ, а по дипломирањето на Васил Хаџиманов на Фармацевтскиот факултет во Загреб тој работи како аптекарски помошник во аптеката. Првата аптека била сместена во приземната просторија на хотел “Југославија“ на Петре Камчев Американецот и аптеката во овие простории останала до 1957 година, кога хотелот бил срушен. Аптеката се наоѓала во близина на денешната пошта во Кавадарци.

Во денешно време, во Кавадарци има над 20 аптеки ?????? За разлика од времето пред 91 година, лепезата на лекарства и други медицински стимуланси и помагала кои се продаваат, е 100 пати зголемена ?????

Дали сега поради големиот број аптеки, народот е повеќе здрав.????? - Или...не......