МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На сопствениците им се определува рок до 21 март.Потоа ке следуваат казни

„Локалната самоуправа во соработка со Полициската станица од општна надлежност Кавадарци тргнува во голема акција за отстранување на сите непрописно паркирани тешки товарни возила на јавно уредени површини.

„Согласно одредбите од Законот за јавна чистота, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за зеленило, се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци да ги отстранат сите тешки товарни возила кои се непрописно паркирани на јавно уредените површини најдоцна до среда, 21.03.2018 година“ - се вели во соопштението добиено од кабинетот на градоначалникот Јанчев.

По завршуваето на периодот за предупредување за непочитување на одредбите од горе споментатите закони ќе следуваат соодветни санкции.