Изведена претставата „Стјуардеси“.Средствата наменети за лекување на Блаже Пешевски
Синоќа (19.03.2018 година) во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше одржана театарската претстава ,,Стјуардеси,,- за хуманитарна цел. Претставата беше во организација на Клубот на млади при Црвениот крст Кавадарци, (овие дечиња се од ООУ Страшо Пинџур од Кавадарци) а во рамките на програмата „Промоција на хумани вредности“ и беше наменета за помош и лекување во странство на малиот Блаже Пешевски од Кавадарци.
Кавадарчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост и во целост ја наполнија салата од Домот на културата. Она што даде посебен момент на настанот е моментот која претставата беше прекината и на сцена излегоа волонтерите на црвениот крст заедно со актерите од театарот носејќи роденденска торта за малиот Блаже. Целата сала стана на нозе и му го честита неговиот 12-ти роденден со песната ,,Happy birthday too you,,. Ова беше вистинско изненадување за Блаже, со желба и надеж дека ќе се подобри неговото здравје и дека ќе слави уште многу родендени.Црвен крст од Кавадарци упатува голема благодарност и до Домот на културата „Иван Мазов Климе“ и актерите и аматерите во Кавадаречкиот театар кои со оваа театарска претстава ја изразија солидарноста во оваа хумана мисија.