МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев полни 5 месеци има редовни средби со граѓаните на приемниот ден.Никој не е одбиен, напротив овозможени се услови секој да ја заврши својата работа. „Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот Митко Јанчев имаше приемен ден за граѓани од Општина Кавадарци. Приемниот ден започна во 14 часот. Граѓаните беа поделени во групи во зависност од проблемите со кои се соочуваат. Градоначалникот заедно со службите најпрво ги сослушаа граѓаните со комунални и градежни проблеми. Голем број од граѓаните беа дојдени за вработување и Градоначалникот се сретна со нив и ги сослуша граѓаните и ги произнесе неговите мислења и ставови во врска со отварање на нови работни места во јавниот и приватниот сектор. Беа примени 220 граѓани,„ ова е наведено во соопштението од кабинетот на првиот човек на градот Митко Јанчев. Нашиот градоначалник, досега нема одбиено ниедно барање за средба со него.Наоѓа време меѓу две обврски на работното место -кое го извршува 24 часа,понекогаш за да оствари макар и кратка средба.Проблемите не можат да се решат од една или две средби, но се прават обиди,модуси,се бараат форми да се дојде до решение.Јанчев ,помага работите да се покренат од мртва точка, таму каде има услови.А граѓаните , ако не друго понекогаш бараат добра волја и желба Општината да стори , се, колку тоа Законот го дозволува, да се заврши со години таложен проблем.Некогаш е потребен и само добар збор,како кога одите на лекар, и топол човечки поздрав, зарем не.