ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА БЕШЕ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ НА АРМАГАН ГУКЧЕАРСЛАН-
Синоќа беше отворена изложба на графики на турскиот уметник Армаган Гукчеарслан, „Симболи на Турција”.Изложбата е поставена во Музеј галеријата од Кавадарци .Армаган за прв учествува на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци Михајлово 2016”.Директорот на Домот на културата Владимир Темков изрази благодарност до градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци и Министерството за култура, бидејќи ова изложба е дел од “Топлиот културен бран”, која трае низ Македонија.
Тој рече дека деновиве во уметноста ќе можат да уживаат не само над седумдесетмината учесници на колонијата од повеќе земји, туку и кавадаречката културна јавност.За уметноста на уметничката од Турција,збворуваше Трајче Цветков од Музеј галеријата. Армаган Гукчеарслан е родена 1977 година. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот Хаситепе во Анкара, на кој и докторирала во 2007 година. Зад неа се бројни самостојни и групни изложби.