Се уредува паркот околу Споменикот за 12 младинци во Моклиште
Се уредува паркот околу Споменикот за 12 младинци во месноста Моклиште,во близина на село Ваташа. Организационата едница Хигиена и зеленило при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, таму интензивно ги расчистува и подготвува површините, кои потоа ќе бидат посеани со трева и ке бидат хортикултурно уредени. Во активностите се вклучени работници, но и механизација. Ратка Мукаетова, раководител, информира дека ќе направат се што е во нивна можност, околината на споменикот да биде што поубава и почиста. Со цел во неа да уживаат сите оние кои го посетуваат оваа атрактивна локација, на која доаѓаат од кавадарчани но и посетители од други места.