МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАЈЗАСТАПЕНИТЕ ВИНСКИТЕ СОРТИ ГРОЗЈЕ KE СЕ ОТКУПУВААТ ПО ЛАНСКИ ЦЕНИ.

Овие цени ги договорија лозарите и винарите со медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На прес-конференција вчера во Неготино овие цени ги соопштија лозарите и винарите и претставниците на Министерството, во присуство на градоначалниците на Кавадарци и Неготино

Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, нагласи договорот опфаќаат и измена на законот за вино и спроведување на активности од надлежноста на земјоделскиот инспекторат.

- Да се врати старото решение за отплата на рок од шест месеци. Но, во законoт ќе биде внесено 20 проценти од грозјето да биде платено по откупот и тоа до 15 декември. Доколку не се почитува тој договор, за винарите ќе има казна од десет проценти. Следната исплата е предвидена да биде до 15 февруари и тоа 40 проценти од вредноста на количината на откупено грозје. Последната рата да биде до крајот на април кога треба да бидат исплатени уште 40 проценти од грозјето, рече Костадиновски.Доколку не се почитуваат тие рокови, винариите да платат 10 отсто пенали .

blog_194.jpg - Оној кој ќе договори откуп на количина грозје со винариите, доколку сака исплата веднаш во рок од 7 дена по извршениот откуп, да му биде исплатено грозјето со осум проценти намалување од договорената цена, што е околу 1 денар по килограм вели тој. - Сите страни претходно имавме неколку пати средби во изминатиот период во Министерството. Главна тема што не преокупира сега и нас како Влада и Министерството, Државниот инспекторат за земјоделие, е да се организира гроздобер на задоволство на двете страни. Најголем дел од винското грозје се произведува во Тиквешијата и откупот на грозјето е многу важен за егзистенцијата, а има и други реони на лозаропроизводство. Бев вклучен во преговорите заедно со министерот и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, градоначалниците и претставниците на лозарите и винарите, рече Костадиновски.Претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија -Љупчо Аризанов, на пресот рече дека по долготрајните преговори коишто ги имаале оваа година, дошло до компромис.

- Сметам дека лозарите треба да бидат задоволни бидејќи ги задржавме минатогодишните цени. Нека ни е среќна бербата 2016 година, рече Аризанов и повика Министерството за земојделство во краток временски интервал да го реши проблемот со целокупната количина на грозје која ја поседуваат лозарите индивидуалци и фирмите кои се на нивниот терен.