На силниот кик-бокс турнир во Будва, настапи и кавадарчанецот Илија Камчев

Пораз на нашиот борец на неговиот прв професионален меч на Турнирот во кик бокс кој викндов се одржал во Будба-Република Црна Гора.

Одлуката на судиите била пресудна на меч на кој нашиот претставник ги бранел боите на Македонија и на клубт Будо.

Ова е успех за Камчев, вели неговиот тренер Александар Ристовски,бидејќи иако беше поразен тој научи многу за вакви мечеви, а неговото животно искуство е збогатено , вели Ристовски, кој упати честитки за настапот на Илија Камчев на Кик Бокс турнирот во Будва.