МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во насока на подобрување на комуникацијата по градските улици, општина Кавадарци деновиве презеде активности за пробивање на крак од улицата „Орце Николов“.

Се работина за проект согласно Деталниот урбанистички план според кој за дооформување на комуникацијата треба да се асвалтира, тампонира и пробие крак од улицата. Работите се изведуваат на дел од улицата кој започнува од спојот со улица „Вељко Влаховиќ“, а завршува повторно со спој на улицата „Орце Николов“.

На оваа позиција градежната оператива на фирмата „Инвест груп“ во оваа фаза ги привршува земјените работи на трасата во должина од 160 метри, како и на пробивање на спојот на креакот со главниот коловоз на истоимената улица.

Широчината на пробиениот крак изнесува 5,5 метри, каде во наредната фаза ќе следи тампонирање и поставување на рабниците од двете страни на улицата.

Во завршната фаза од реализацијата на овој комунален инфраструктурен проект ќе се изведе асвалтирање.

За оваа намена општината ќе потроши 502.721 денар. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, според програмата за комунална изградба од 2017 година.

_DSC0060.JPG_DSC0052.JPG_DSC0050.JPG

_DSC0043.JPG