Oпштина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба, деновиве преку ангажираната оператива работи на локации во селото Сопот. Како дел од проектот за поплочување и асфалтирање во селото, оперативата на фирмата „АС машини“ изврши подготовка за асфалтирање на две локации со вкупна површина од 800 метри квадратни. Асфалтирањето е на барање на жителите од Сопот кои гравитираат кон овие улици. Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и безбеден пристап и одвивање на сообраќајот.
 
  
 
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      