Еколошкото друштво „Еко живот„ организира акција на езерото на Витачево
Еколошка акција беше реализирана денеска во Кавадарци, ученици го собраа отпадот околу езерцето на висорамнината Витачево. Настанот беше во организација на кавадаречкото Регионално еколошко друштво “Еко-живот”, “ЕНВ.нет” Македонија и “Вила Зора” од Велес, во соработка со Јавното претпријатие “Комуналец” и основните општински училишта “Страшо Пинџур” и “Тоде Хаџи Тефов”, со поддршка на локалната самоуправа.
-Континуирано работиме врз подигнувањето на еколошката свест кај населението, а истовремено организираме и акции за почиста и поздрава животна средина. Оваа активност ни е во чест на вчерашниот ден на планетата Земја, рече Роберто Паризов, претседател на друштвото, кое е член на Друштвото на екологисти на Македонија.