МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За рекреативната патека од Кавадарци до Моклиште во должина околу 7 километри Општина Кавадарци има изготвено проект и планирана финасиска конструкција,сите содржини околу нејзиниот изглед се познати, а вчера попладне се изнесе визијата за тоа пред жителите на село Ваташа.

Иницијаторот на ова идеја Градоначалникот Митко Јанев и авторот на проект Трајче Грков ги образложија деталите околу овој зафат кој ќе се протега покрај реката „Луда Мара„ се до „Воденицата“ во Миклиште.Најпрвин е предвидено „скротување“ на реката со каскади,потоа изградба на патека со широчина од 5 метри со попатни содржини кои ќе бидат во функција на пешаците и велосипедистите за кои е наменета.Предвидени се и неколку содржини од туристички карактер кои ке бидат поставени на неколку локции, од кои една е од историски карактер (музеј соба кај споменикот 12 Другари) .Целата патека ке биде осветлена , ке има видео надзор, а ке можат да ја користат и граѓаните кои околу ова локација веќе имаат подогнати куќи.

На средбата вчера нелкумуна од селаните низ чии имоти имоти минува патеката изразија негодување од идејата и не сакаа да се гради проектот.Други побараат првин да се направи комунална инфрастртуктура за ова дива населба (Моклиште) а потоа да се гради ваква патека и други размислувања. Доминираше сепак поддршката за изградбата на ректеративната патека, чии проект беше ставен на јавен увид пред ваташани.Јавната расправа треба да реши некои дилеми , околу цената на имотите кои треба да бидат експроприрани и други детали поврзани со администрацијата.

Градоначалникот Јанчев, кој е автор на иницијативата изрази надеж дека сепак ќе надвладее разумот, и ке се најде позитивно решение за изградбата на еден објект кој ке ми служи на овие и идните генерации на Ваташа и Кавадарци.

20181221_165302.jpg