МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Објавен ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2018 година

Со цел да ги стимулират граѓаните за користење на велосипеди,Општина Кавадарци, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2018 година.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

download.jpg