Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот ја продолжува својата работа.Од Советот ни изјавија :
-„Денеска на учениците од прво, второ и трето одделение од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ наместо вообичаената честитка за почеток на школската година со физичко присуство им подаривме пригоден поклон со што им посакавме учебната година да минува безбедно и во добро здравје.Подароците ги примија раководните лица на училиштето кои на соодветен начин ќе им ги поделат на учениците.Да потсетиме дека минатата недела на сите родители од сите основни училишта во градот, кои имат деца кои посетуваат настава во трето одделение им подаривме прирачник за родителите - „Децата и нивната безбедност во сообраќајот, за едуцирање на своите деца за правилно и безбедно однесување во сообраќајот“- ни соопшти Љупчо Лазов претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот Кавадарци.
-Општинскиот совет ќе продолжи и во наредниот период во услови кои се дефинирани за соработка со училиштата да соработуват во сегментот едукација на најмалите и со тоа да го дава својот придонес за поголема безбедоста на децата во сообраќајот.