МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интензивни водоводни и канализациони активности се одвиваат во Кавадарци. Раководителот на Организационата единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец”, Бојан Атанасов вели дека се започна со реконструкција на фекална атмосферска канализација на улицата “4 Јули”. -Завршивме со реконструкција и на улицата “Клинска”. Се продолжува со поврзување на корисниците на „Западен булевар“ на нова водоводна линија и со реконструкција на фекална и атмосферска канализација на улицата “Брушанска”. Секојдневно се вршат интервенции на фекалната мрежа во градот и околните села, соопшти Атанасов. Тој додаде исто така дека се изведуваат нови приклучоци за наводнување на зелените површини во градот, започна изведбата на нови решетки на улицата “Методија Џунов-Џико„ а продолжува и чистењето на наполнетите сливници.