На изложбата беа изложени дела изработени на една од најстарите колонии во Македонија-Струмичката
Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на дела создадени на Меѓународната струмичка ликовна колонија, која секоја година во месец август се одржува во Струмица и е една од најстарите и најпознатите ликовни колонии во Македонија. Колонијата ја организира Центарот за култура “Антон Панов“ Струмица.
На кавадаречката јавност и се претставени дела од последното одржано издание на колонијата во 2017.
Директорот на Домот на Културата Александар Малинков, на отварањето рече:
–На Колонијата во Струмица , како најстара во Македонија се изработени дела на врвни уметници од Европа и светот.Ние имаме прилика да ги погледаме и да се восхитуваме на нив.
Соработникот за ликoвни дејности Владимир Темков, говореше за колониите на форма на заедничко дружење и стварање на ликовни дела на уметниците.
-ВО Македонија по струмичката , кога постоеше рудникот Р,жаново за прв пат започна да работи ликовна колонија во Кавадарци и потоа и неколку други кои сите изминати години беа место на создавање на значајни ликовни за среќа на љубителите и познавачите на уметноста кај нас.
Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе Кавадарци, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.