МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

OВА РЕДОВНА СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЕНЗИОНЕРИ И ПОБУДУВА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС

Здружението на пензионери од Кавадарци, денеска во Кавадарци ја организира традиционалната манифестација “Пензионерите пеат 2016”, на која настапуваат околу 200 учесници од 9 пензионерски здруженија од Повардарскиот и Пелагонскиот регион.

Ристо Анѓушев, претседателот на кавадаречкото здружение на пензионери изјави дека , во салата на Домот на културата “Иван Мазов- Климе,” настапуваат вкупно 11 културно уметнички друштва, пејачки групи и солисти.

-На манифестацијата учествуваат пејачките групи од здруженијата од Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Демир Капија, Богданци, Гевгелија и Кавадарци. Всушност, учествуваат две кавадарлки здруженија, затоа што со свое учество тука се и претставници од Здружението на инвалидни пензионери, појаснува Анѓушев.

Ова средба на пензионерите има ревијален карактер, традиционално се исполнуваат роднокрајни староградски и изворни македонски народни песни.