МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СИМБОЛИЧНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ КОГА ПРЕД 77 ГОД БЕШЕ УБИЕН КИРО СПАНЏОВ БРКО

28 декември 1943 - локација: пограничната караула Конско, гевгелиско. Во борба со бугарската војска загина Киро Спанџов Брко, тогаш во улога на заменик политички комесар на баталјонот на Втората македонска ударна бригада. Киро е роден во 1915 г. и работел како берберски работник. Во 1941 година бил уапсен и интерниран. Учествувал во формирањето и сите акции на одредот „Добри Даскалов“, баталјонот „Страшо Пинџур“ и Втората македонска бригада. Бо борбата кај Конско е тешко ранет, ѕверски мачен и на крајот убиен. Денешниот ден вработените во средното учуилиште во Кавадарци кое го носи неговото име симболично го одбележаа во услови на пандемија со полагање на свежо свеке пред спомен бистата во дворот на училиштето и оддавање на достоинствена почит кон херојот. Свежо цвеке положи делегација на училиштето предводена од директорот Драги Ташев, делегација од општина Кавадарци на чело со градоначалникот Митко Јанчев како и членови на потесното семејство.

м.в.