МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Во пресрет на утрешното официјално отворање на „Скопско лето", вечер од 20,30 часот во НЛБ Галерија како преднастан на овој фестивал ќе биде отворена изложбата „Потрага по смислата на ликовноста во сооучувањето со убавината на природата" од Владимир Темков.

Творештвото на Темков е интуитивно под впечаток на неговите внатрешни експресии кои се настанати при неговото соочување со убавините на природата, на пример со светот на птиците кои често се забележуваат на неговите слики. Преку нивното најразновидно претставување тие се еден вид медиум за изразување на неговата внатрешна емоционална и естетска експресија побудена од светот на птиците и од вечната човекова желба и копнеж за летање“, наведува организаторот во највата на изложбата.

Владимир Темков (Кавадарци, 1959) дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде што ги завршил и магистрските студии на отсекот сликарство. Првата самостојна изложба ја имал во 1983 година во Музеј галерија во родниот град Кавадарци, а досега имал 40-ина самостојни претставувања во Македонија, Бугарија и Хрватска.