Слушањето на дневните вести и важни соопштениеја преку Разгласната радио станица Кавадарци
Фотографијата што денеска Ви ја нудиме е една убава празнична фотографија на Кавадарци, од прослава на 11 Октомври 1957 година, Ден на востанието на Макдонскиот народ.
Од левата страна се дуќаните на Борово, Прогрес, Вишешница, Таан алва, Тибор, Железарата и други ., а на бандерата кај денешна Стопанска банка се наоѓа инката на Разгласната радио станица на Кавадарци од која насобраниот народ слуша новости и празнични пораки на тогашниот систем.
Фотографијата ја снимил Бранко Ивановски и благодарение на овие фотографии денес знаеме како изгледал нашиот град пред 60, 70 и повеќе години.
(П.Камчевски)