МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На пригодна свеченост денеска Фондацијата „Никола Јанчев„- по одлука на Комисија која ги оценуваше апликациите, додели 46 стипендии на ученици и студенти од Кавадарци со цел да се унапредат човечките вредности и знаење за кое се залагаше родителот на Митко и Јанинка- Никола Јанчев

Висината на стипендиите за учениците од прво до деветто одделеение е еднократно по шест илјади денари, за средношколците ќе се додели еднократна стипендија од 12 илјади денари, а за студентите по 32.000 денари. Од фондацијата за овој конкурс имаат планирано стпендии во вкупна сума 600.000 денари.Кон овој фонд ке се внесат сите средства од остварени по основ на плата на градиначалникот Митко Јанчев чија сума актуелниот прв човек на градот ја отстапува на Фондацијата посветена на неговит татко Никола Јанчев.

Фондацијата “Никола Јанчев“ која е основана оваа година на 14 ти февруари од страна на актуелниот градоначалник на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска ги додели првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студенти.

По објавениот конкурс кој заврши , комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на 36 стипендии и на истите тие денес преку еден свечен чин им ги додели.

Оваа фондација е основана со почетен буџет од 10 000 евра. Директор на фондацијата е г-ѓа Јанинка Чупаркоска управител на Кожувчанка. Дополнително секој месец буџетот на фондацијата ќе се зголемува со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања. Ветеното сега е исполнето. Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.

Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застанува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко , секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.

000044444.jpg