Поради голем дефект на „7 Септември„ синоќа жителите на централото подрачје беа без вода.Дефектот отстранет-сега има вода
Цела вечер работа, за да не трпат потрошувачите.Тоа беша целта која утринава се исплати. Комуналци отстранија голем дефект на улица „7 септрември„ во центарот на градот , поради кој ова подрачје немаше вода цела вечер.Со вложување на максимални напори, и работа преку ноќ(што досега ретко или не била пракса) утринава дефекотот е отсранет, пукната цефка е санирана и вода има кај сите потрошувачи.Денеска на овој дел ке се санираат други проблеми на атмосферската канализација а ископаниот ров ке го искористат други служби за да ја поправат или санираат својата подземата инфраструктура .Да потсетиме во центарот вчера и на „Пано Мударов„ имаше проблеми поради кои комуналци беа ангажирани.Повторно постоеше дефект на водоводната мрежа.
Полни раце работа, но и бреза ефикасност- што вчера беше нотирано и на седница на Советот на Општина Кавадарци.