МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИЗВЕДЕНА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПИОНЕРСКА“ ВО ДОЛЖИНА ОД 265 МЕТРИ И ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

Градежните работи се изведуваат на последните 30 метри од целосно новата линија со вкупна должина од 265 метри. Новата линија од атмосферската канализација се гради на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“ каде се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

Со реализација на овој проект ќе се зафатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.

Општината Кавадарци го реализира овој проект со цел подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.

Локалната самоуправа Кавадарци реализираше уште еден проект од комуналната изградба.Согласно програмата, со павер елементи беше поплочен крак од улицата „12 Другари“. Се работи за површина од 160 м2, веднаш до службените простории на ФК „Габер“ во Ваташа. Притоа за формирање на контурите на улицата се поставија и ивичници во должина од 30 метри.

DSC_0031.JPG

DSC_0014.JPG

DSC_0007.JPG

DSC_0001.JPG