МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лозарите од Тиквешијата синоќа имаа средба на Градскиот плоштад во Кавадарци, а потоа и во салата на Општинското собрание, на средба на која им се придружи и градоначалникот Митко Јанчев.

Раководството на Здружението „Напредни лозари„ очигледно сега со подршката на повеќе лозари, и градоначалникот далеку пооптимистички гледа на барањето за зголемување на цената на грозјето, вранец и смедеревка.Нефицијално дознаваме дека кај винариите е излобиран еден денар зголемување, вечерва се очекува додатно зголемување на откупната цена.Трајче Кулев претседедател на Здружението „Напредни лозари„ не го криеше оптимизмот за промената на подобро на целата ситуација.По првата средба на која беа педесетина, синоќа дојдоа неколку стотини , а за вечерва се очекуваат околу илјада лозари. На средбата вечерва треба да падне договор околу новата цена на винското грозје/смедеревка и вранец/ или активирање на најавените протести на патиштата.Дознаваме дека на средбата вечерва е очекува присото на премиерот на Република Македонија Зоран Заев.